Како интегрален дел од англискиот шпајз, стариот, добар Пикалили го уживале многу генерации. Талкањето низ улиците на една неверојатно забавна европска престолнина води до тоа, Мечката да го открие Пикалили, само не во класичната англиска варијанта.
Ова е огнено жешка верзија, со чувство на соголување на задниот дел од грлото, што речиси, не можеше да се јаде, иако зад силната топлина се криеја препознатливите лути вкусови на Пикалили.
Како можевме да ја задржиме суштината на Пикалили, а притоа да ја скротиме топлината? Така се роди генијалната идеја да се направи верзија на пилешка тика. Азиското готвење често користи маринади со јогурт и навистина треба да ги користиме повеќе на Запад.
Ние користевме копанчиња, бидејќи ова јадење треба да биде речиси, јагленосано за да се добие арома на чад низ пилешкото во отсуство на тандор, а Мечката знае дека пилешките гради ќе се исушат.
На Балканот, во отсуство на Пикалили, користете мешавина од јогурт (локалното „кисело млеко“), лут сенф, пиперка, чили и малку кари во прав. Можностите се бескрајни…
Основната идеја е дека многу пикантните додатоци во маринадата со јогурт се скротуваат и го подигнуваат скромното пилешко копанче на друго ниво на гурманското рајско скалило.
Ова е најдобро да се ужива со светло пиво (лагер), но ако инсистирате на вино, се препорачува нешто како Пикпул, каде киселоста на виното ќе го “пресече” богатиот чаден вкус на пикантнотно пилешкото.
Лесно се подготвува, идеално е 24 часа пред да се готви да се маринира месото и да се остави во фрижидер, но ако ви се брза, може и 3-4 часа претходно, на топло место, за да се забрза процесот.
Состојки
– 1 кг батаци.
– 1 л полномасно кисело млеко.
– 1 голема лажица супер луто Пикалили.
– 3 чили пиперчиња (Мечката најде зелена, жолта и црвена за визуелно да го развесели јадењето).
– Сол.
– Ориз или карфиол од ориз за сервирање.
– Роти.
Чекор по чекор
– Пикалилито измешајте го со јогуртот.
– Чили пиперките исечкајте ги и додајте ги во смесата (измијте ги рацете или носете ракавици и не се допирајте по сечкањето чили – научивме од лично искуство).
– Премачкајте ги батаците и додајте ги во кеси за замрзнување (зипер кесички). Тоа е многу удобен и хигиенски начин за маринирање.
– Се остава во фрижидер 24 часа.
– Загрејте ја рерната на 200 степени.
– Се пече во огноотпорен сад со маринадата одозгора 40-60 минути, додека не добие темно кафеава, речиси црна кора на пилешкото.
– Се остава да одмори 20 минути.
– Послужете со варен обичен, басмати ориз (или ориз од карфиол, ако имате дијабетичари во семејството) и роти. Класичниот индиски леб треба да го има во супермаркетите, но колку и да е бав за правење, индиското брашно е многу тешко да се најде на Балканот, па најдобро купете готов. Ако не можете да најдете и пита леб на скара ќе заврши работа совршено.
– Ова е идеално јадење за викенд и во овие штедливи времиња, поевтино од готова храна. Сигурни сме дека овој рецепт ќе ви го промени „погледот“ кон пилешкото.
Ќе ни бидете благодарни за овој бисер.