Домашната бубашваба (лебарка) еволуирала заедно со луѓето и нејзиното единствено природно живеалиште е во згради, канцеларии, училишта или станови, според новото истражување на Универзитетот во Тексас објавено во Зборникот на Националната академија на науките.
Дека денешниот најраспространет тип на бубашваби е именуван по примероци кои биле собрани и проучувани во тогашна Германија околу 1700-та година, но тој инсект не потекнува од оваа област и неговото единствено природно живеалиште се градбите изградени од луѓе.
Истражувачите од Тексас ги анализирале гените на 280 од овие инсекти собрани од 17 земји во светот и откриле дека „германската“ бубачка еволуирала од близок роднина – азиската бубашваба, која живее во природа, пред околу 2.100 години.
„Според добиените податоци, ова е многу нов вид инсекти кој целосно се прилагодил на заедничкиот живот со луѓето“, вели еден од учесниците во истражувањето, урбаниот етнолог д-р Едвард Варго, додавајќи дека таа се прилагодила на живот во човечки градби и се шири низ светот низ вековите во времето на освојувачките војни и преку глобалната трговија.
Оригиналната татковина на оваа бубачка е Југоисточна Азија, но, и покрај напорите на луѓето да ја потиснат, таа многу брзо се рашири низ светот и за време на својата кратка еволуција стана отпорна на речиси сите видови инсектициди, вели д-р Варго.
Истражувањето помогна да се утврди колку брзо се пренесува отпорноста на пестицидите и другите отрови за нивна контрола меѓу инсектите, а се добиени нови информации за приспособливоста на геномот на бубашвабите, односно комплетниот генетски материјал ДНК, со чии брзи промени „моќната лебарката станува се помоќна“, нагласува Варго.
Овие инсекти претставуваат голем глобален здравствен проблем бидејќи ја контаминираат храната, пренесуваат бројни болести и, како што е утврдено, можат да бидат причина за астма и опасни алергии.
Каснувањето од бубашваба е безболно и не е толку опасно бидејќи не ја пробива човечката кожа, може да предизвика оток и алергиска реакција, а понекогаш и посериозна инфекција бидејќи овие инсекти се мршојадци.