Сутерен.мк

Училиштата стануваат трансмитери на Ковид-19!

„Колкав е бројот на болните ученици и наставници од ковид-19 и колкав е бројот на учениците и наставниците што се во изолација? Надлежните институции, Министерството за образование, Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство не даваат конкретни податоци. МОН нашата редакција им ја упати на „надлежните институции“, Институтот и МЗ пак упатуваат на МОН. Кругот е така затворен. Но секој ученик, родител, наставник може да ви даде бројки за кои лично знае. Се зголемува бројот на училиштата што бараат дозвола од МОН да преминат на онлајн-настава. Одговори не добиваат!

Директори на неколку училишта бараат од Министерството за образование дозвола наставата да ја продолжат онлајн, затоа што не е мал бројот на учениците што не доаѓаат на настава поради температура и кашлица, а дел од нив се и потврдени на ковид-19. Нивните барања се игнорираат, велат директорите.

Координаторите на училиштата задолжени да го известуваат општинскиот епидемиолог за секој нов случај на ковид-19 речиси секојдневно испраќаат извештаи и потоа ги очекуваат насоките според епидемиолошките анкети, колкумина од децата треба да одат во изолација и наставата да продолжат да ја следат онлајн. Податоците веќе се затрупуваат еден врз друг. Вработените што се определени на влез во училиштата да им мерат температура на децата, како што дознаваме од неколку скопски средни училишта, секојдневно враќаат дома по неколку ученици. На наставничките совети тема број еден за дискусија не е наставниот материјал, туку ковид-19.

Во некои училишта директорите не им дозволуваат на наставниците часовите да ги одржуваат на отворено во училишниот двор, иако на почетокот дел од наставата без проблем се одвиваше надвор. Наставници негодуваат, директорите само ги подигаат рамениците. Аргументите дека надвор е убаво времето, а ризично во училниците со повеќе од 30 ученици, како да не се издржани.
За состојбите со болните ученици, наставници и вработени во училиштата, на само две недели од почетокот на учебната година, никој не сака да дава официјални информации. Се чини дека бројот на болните, позитивните и учениците и наставниците во изолација се кријат, затоа што веќе е јасно дека има трансмисија на вирусот во образовните институции. Ако во првите неколку дена од почетокот на учебната година бројот на заразените беше низок и се сметаше дека станува збор за внес на вирусот од надвор, и за мал број случаи, сега, според сознанијата на МКД.мк, речиси и нема училиште каде што нема и ученици и наставници отсутни од наставата.

Двоцифрени бројки на позитивни на ковид-19 има во средните скопски училишта „Георги Димитров“, каде што и цел еден клас по епидемиолошките анкети премина на онлајн-настава, потоа во „Орце Николов“, „Никола Карев“, болни деца има во „Корчагин“, во Медицинското училиште, во основните училишта болни деца има во „Корчагин“, во Медицинското училиште, во основните училишта „Гоце Делчев“, „Киро Глигоров“, „Песталоци“, „Братство“ и речиси сите други… Во Куманово има најмалку 30 болни деца, отсуствуваат од наставата ученици во повеќе училишта во Велес, Штип, во основни училишта во Тетово, ако се следат локални медиуми, речиси и нема поголема општина каде што нема деца и наставници позитивни на вирусот. „Орце Николов“ и „Корчагин“ упатиле и барање да се премине на онлајн настава.

Ученици што се ковид-позитивни или се во изолација поради контакт со заразен ученик наставата што се одвива со физичко присуство ја следат онлајн од дома. Но, се жалат дека таквата настава е тешко изводлива, не го слушаат ниту го гледаат цело време наставникот, бидејќи наставниците и не можат да бидат цело време пред компјутер, зашто „во живо“ предаваат и испрашуваат…“

Повеќе на mkd.mk…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *