Сутерен.мк

За Орвел, пак

Ерик Артур Блер го зел псевдонимот Џорџ Орвел уште со првата своја објавена книга „Никој и ништо во Париз и Лондон“, затоа што сметал дека неговото семејство не би било одушевено што нивниот син, школуван на Итон за да биде писател работи како садомијач и живее како скитник. Покрај Џорџ Орвел, во „игра“ биле и П.С. Буртон, Кенет Мајлс и Х. Луис Олвејс, но го одбрал сепак псевдонимот по кој и денес е познат.

.

Синтагмата „студена војна“ прв пат ја употребува тој и тоа во еден негов есеј на тема за односите помеѓу САД и Советскиот Сојуз.

Во 1931 година, додека ги пишувал своите мемоари, Џорџ Орвел намерно дозволил да биде уапсен поради пијанство. Тоа го направил за да го доживее притвореничкото искуство и да им се доближи на скитниците и ситните криминалци.

Поради бомба што го погодила неговиот дом, малку фалело да биде уништена „Животинска фарма“. Џорџ Орвел долго пребарувал по урнатините за да ги најде своите ракописи.

Орвел покрај англискиот, течно го зборувал и францускиот јазик што го научил од Олдус Хаксли, кој предавал во интернатот на кралот на дистопијата. Во текот на својот живот учел и латински, грчки, шпански, бурмански…

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *