По минатогодишниот триумф на големиот SUV модел KIA EV9, титулата Светски автомобил на годината 2025 сега ја освои неговиот помал „брат“ – Kia EV3, моментно најмалиот електричен модел од јужнокорејскиот производител.
“Голема чест ни е што EV3 ја доби титулата World car of the year 2025. Оваа награда ја потврдува водечката глобална позиција на Киа во дизајнирање на технолошки напредни и одржливи решенија за мобилност, и покажува како EV3 го редефинира корисничкото искуство за купувачите ширум светот,“ – изјави Хо Сунг-Сонг, претседател и извршен директор на Киа.
Одлуката ја донесе стручна комисија составена од 96 меѓународни автомобилски новинари од 30 земји. Со оваа победа, Киа во последните пет години шест пати триумфира на World car awards, што го потврдува статусот на брендот како еден од лидерите во електричната мобилност.
Иако на изборот за Европски автомобил на годината EV3 изгуби од новиот Renault 5, предноста на корејскиот модел е неговата глобална достапност. Моделот нуди водечки досег до 605 километри, а батеријата се полни од 10 до 80 проценти за само 31 минута.