Сутерен.мк

Асоцијацијата за цистична фиброза ќе се збогува со Благојче Илијевски

Пациентите со цистична фиброза во 14 часот денеска пред Влада ќе се збогува со Благојче Илијевски, најтешко болниот пациент од цистична фиброза, кој почина вчера чекајќи го лекот „Трикафта“.

-Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек! Заради ова, Асоцијацијата за цистична фиброза утре во 14 ч. пред Влада ќе се збогува со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски, како жртва на системот и кој заради инертноста на системот од надлежните институции и заради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот Трикафта, пишува на официјалниот Фејсбук-профил на АЦФ.

Со едноминутно молчење, свеќи и цвеќе АЦФ ќе се збогува со својот соборец, во исто време, кога во Битола ќе бидат погребани неговите посмртни останки.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *