Бебе-лама, прстеноопашест лемур, бебе од видот двогрба камила и берберска овца се четирите новороденчиња во Зоолошката градина во Скопје кои доаѓаат еден месец по веста за раѓањето на лавчињата.
Од Скопје ЗОО информираат дека за прв пат имаат двогрба камила од видот Бактријан што се роди минатата недела и неговото име е Буби, додека во Зоолошката секоја година се раѓаат по неколку лемури.
По веста за првите принови – лавчињата, овие убави вести за останатите принови се должат на генерално младите животни кои во ЗОО Скопје пристигнале во и околу 2020 година и сега се доволно зрели за репродукција.