Сутерен.мк

Бијонсе, главна ѕвезда на Греми

Иако не ја понесе најпрестижната награда, онаа за албум на годината, Бијонсе дефинитивно беше главната ѕвезда на синоќешното доделување на Греми во Лос Анџелес. Поп ѕвездата синоќа испиша историја и стана најнаградуваниот изведувач во историјата на оваа награда, со вкупно 32 победи и дури 88 номинации.

Иако триумфираше албумот Harry’s House на Хари Стајлс, долгоочекуваниот албум на Бијонсе „Ренесанса“ привлече големо внимание минатата година. Нејзиниот хит Cuff it беше прогласен за најдобра Р&Б песна, во категоријата најдобар Р&Б изведба прослави со Plastic off the sofa, додека Break my soul и ја обезбеди статуетката за најдобра денс/електро песна.
Како што доликува на музичка дива, Бијонсе ги прослави своите три награди во три различни екстравагантни стајлинзи.
Сепак, на сцената на Греми имавме можност да видиме само еден од нив (металичкиот фустан на Гучи), а малку подоцна таа се пресоблече во црн фустан на Скиапарели во кој го помина остатокот од вечерта.

Сепак, највпечатливата комбинација потпишана од Балмаин пејачката ја покажа само на Инстаграм, позирајќи со своите три најнови награди. Со оглед на тоа што синоќа задоцнила на церемонијата бидејќи била „заглавена“ во сообраќајот, фановите претпоставуваат дека кадифениот нуд фустан во комбинација со златна капа и ракавици и чизми од истиот материјал првично бил наменет за црвениот тепих, кој Бијонсе го “прескокна”.

„Победивме три! Почестена сум и полна со радост“, рече таа, заблагодарувајќи им се на своите фанови за нивната „љубов и лојалност“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *