Сутерен.мк

Вечна слава на јунаците од Љуботенски Бачила

На повеќе локации во Скопје денеска беат одбележани 23 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата, кај месноста Љуботенски Бачила.

Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата положија венци со цвеќе на спомен обележје на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров, а потоа и на спомениците на паднатите бранители во Волково, Љубанци и во касарната „Илинден“.

Делегација на Собранието на Македонија положија цвеќе во во селото Љубанци.

Почит на загинатите бранители ќе им биде оддадена и од Општина Ѓорче Петров, пред споменикот во нивна чест поставен кај кружниот тек во Волково.

На 10 август 2001 година воено товарно возило на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на мина при што животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.
– Денес се одбележува 23 годишнината од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила. Овие херои со своите животи ја бранеа нашата слобода. Вечна слава на јунаците, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *