Сутерен.мк

Викинзите живееле во Америка пред Колумбо!

Викинзите имале населба во денешната Северна Америка пред точно илјада години, векови пред Кристофер Колумбо да пристигне во тој дел од светот, вели ново истражување. Со нова техника на датирање прстени на дрвја било докажано дека викинзите окупирале место во Њуфаундленд во Канада во 1021 година!

Долго време се верува дека Европејците стигнале во Америка многу порано од Колумбо во 1492 година, но ова е првпат истражувачите да утврдат точна година.

Научниците ги анализирале прстените од три парчиња дрво од скандинавската населба во Л‘Анс-о-Медоуз. Користејќи атмосферски радиојаглероден сигнал произведен од сончева бура како референца, тие прецизно успеале да утврдат дека дрвото било исечено во 1021 година.

„Познато е дека сончева бура се случила во 992 година. Тоа овозможи да се утврди попрецизна година на создавањето на кампот. Постојат јасни докази дека дрвото било обработувано со железни алатки“, велат научниците.

Тие додаваат дека Л‘Анс-о-Медоуз бил користен како база за истражување на други локации, вклучувајќи региони појужно. Л‘Анс-о-Медоуз е првото и единствено познато живеалиште востановено од викинзите во Северна Америка и најран доказ за европски живеалишта во новиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *