Сутерен.мк

Владимир М. Милетиќ: Луѓето без фантазија го работат и повторуваат она што ќе им се каже

Мене ми недостасува море, чадската и алжирска пустина, оние факинг џунглите во Француска Гвајана…
Планините на Корзика кај Монтемаџоро и Сент Луи на Пиринеите кај По во Франција.
Ми фали она чувство и мисла кога ќе се разбудиш онака под ведро небо, малце укочен и мокар од утринската роса, онаа мисла која се провлекува агресивно – што денес ќе правам, кај ќе идам, кого ќе сретнам… сосема нормални прашања. Здрав сум, жив…
Додуше малце удрен, али позитивно расположен.

Ми фали онаа плажа со крупен песок во Агадир каде на 6 800 милји преку Атлантик е Куру и Француска Гвајана, оној поглед кога сонцето заоѓа, а ти не можеш да го одредиш хоризонтот.
Сендвич со туна и зелена салата кај Мамас на Хатинтоба каде седиш на мали столчиња, а околу тебе мачки и марокански кучиња.
Она лутање по базарите на Агадир, Танжир и Казабланка каде што се осеќаш као да си Питер О’ Тул у “Лоренс од Арабија”, каде се мириса на тешки зачини и распалени мангали.
Те тера да застанеш и да го помирисаш вкусот на Мароко, па после пополека да го густираш.
Ми фали онаа улица у Шафхауен кај Риф племињата каде цел град е искречен во плаво, онаа црна мачка и онаа стара жена што и дава да јаде, а уличарон се протега на задни нозе.
Оној слеп стар Сахарид во Казабланка кој седи пред својата продавница и држи мало маче под пазувите. Кога му се приближив да го погалам, иако не ме гледаше, кажа Ес-селаму алејкум, а јас како секој добар Европеец му одговорив со Ве алејкуму-селам. Оној негов осмех и климање со глава нешто што еднаш ќе го доживееш и ќе остане заувек.

Ми фали она дајкири испиено во Њу Омејад во Казабланка на нивната плажа додека брановите од Атлантик удираа во камењата на џамијата Хасан втори.
А да, и оној “Рик Американ кафе” каде Хемфри го праша Сем зашто ја свири “As the time goes by” изведена од Dooley Wilson.
Патем, Рик кафе се реновираше и немав можност да се сликам потпрен на клавирот на Сем. Уствари немаше и да ми дозволат да се сликам у Богарт поза јер не се пуши внатре.
Западно на 10 киломатри од Танжир почнува Атлантик. На 14 километри се гледа Шпанија и оној поглед на Атлантик и Средоземјето е фантастичен. Ко со нож пресечена вода – лево црна од Атлантикот, десно сино зелена од Средоземното море.
Сабајле у пустиња кога е се црвено жолто, а ти спиеш во шатор, туристички као бедуински, али далеко од тоа. Возење по дините позади Атлас каде се гледа границата со Алжир и понатака поглед на минатотото поминато по вукојебините на Чад, Нигер, Судан.
Али јеби га, младост лудост.
Она чувство кога мислиш дека животот е една голема авантура и треба да се одживее како што најдобро знаеш и умееш.
Во “Блејд ранер” во последната сцена, Рој Бети вика: “сите тие моменти ќе исчезнат во времето како солзи на дожд”… јас би кажал… јеби га:
Постојат слики, тие стојат внатре во тебе и се враќаат по потреба.

(Авторот го сакал Буковски и Капор, Питер Сејвил и Жорж Брак, али они не го сакале него. Осим архитектура не завршил ништо озбилно али сјебал пет години од животот во Легијата на странци. Перспективен, онака симпатичен по малце… Како не бе?! Навива за Црвена Ѕвезда и воли све што воле млади.)

*Мислењата изнесени во текстовите се лични коментари на авторите и не го претставуваат ставот на сајтот suteren.mk

One thought on “Владимир М. Милетиќ: Луѓето без фантазија го работат и повторуваат она што ќе им се каже

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *