Во Пекинг, македонскиот јазик го изучуваат 25 студенти

На Универзитетот за странски студии во Пекинг, еден од водечките јазични факултети во земјата, македонскиот е дел од наставната програма и се изучува како изборен предмет.

Овој семестар, дури 25 студенти го избрале македонскиот јазик, што е значаен показател за растечкиот интерес и културната поврзаност меѓу двете земји. Македонскиот е еден од вкупно 101 јазик што се нуди на овој универзитет, што уште повеќе го потенцира значењето од неговото вклучување во наставата.

Покрај редовната настава, студентите активно се вклучуваат и во културни активности, покажувајќи интерес не само за јазикот, туку и за македонската култура, историја и книжевност. Тие учествуваат на настани посветени на македонската традиција, читаат преведени автори, а некои дури и се обидуваат да пишуваат кратки текстови на македонски.

Две студентки, Шини Веј и Вантинг Јанг, ова лето ќе учествуваат на Летната школа во Охрид, во рамки на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ. Програмата се одржува секое лето и има за цел да им овозможи на странските студенти директно да се запознаат со македонското јазично и културно наследство.

Овие активности претставуваат важен чекор во јакнењето на академската и културната соработка помеѓу Македонија и Кина и придонесуваат за поголема видливост на македонскиот јазик во пошироки културни простори.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *