Македонската православна црква – Охридска архиепископија го почна процесот на интеграција на Православната Охридска архиепископија на Јован Вранишковски, процес со кој ПОА престанува да постои.
Синодот на Македонската православна црква Охридска архиепископија едногласно донесе неколку одлуки за стартување на интерграцијата на ПОА во МПЦ – ОА изјави портпаролот на Синодот владиката Тимотеј. Според него ПОА на Вранишковски барала да раководи со 4 од вкупно 8-те епархии на МПЦ во земјава, но како што додаде дали позитивно ќе се излезе во пресрет на овие барања ќе се знае по одлуката на Синодот кој за ова заседава во полн состав.
Целиот процес на интеграција на ПОА во Мпц-ОА треба да финализира до пролетната седница на Саборот на СПЦ која традиционално се одржува на средината од мај. Како што е договорени при доделувањето на томосот од СПЦ ЗА АВТОКЕФАЛНИОТ СТАТУС НА МПЦ-ОА, интеграцијата на свештениците од ПОА ќе се случува врз база на взаемен договор на двете страни.
Во отсуство на официјални реакции од Синодот кои епархии ги бараат од ПОА на владение, неофицијално во јавноста има неколку комбинации. Според некои од нив се планирало на Архиепископот на ПОА Јован, сега да му се даде да раководи со Кривогаштани, Крушево и Демир Хисар и тоа како администратор.
На епископот Давид од ПОА пак веројатно нема да му биде дадена на управување ниедна епархија туку ќе и служи на СПЦ, иако се споменува и Сопиште. За другите двајца владици од ПОА, на Марко му се нуди богослужба како хороепископ во Делчевскиот манастир Св. Богородица Балаклија кој е под владение на епископот брегалнички Иларион од МПЦ-ОА.
На Јоаким кој во ПОА е епископ полошко-кумановски еден од предлозите е да му се понуди позиција на хороепископ во манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Македонски Брод, кој го раководи митрополитот Тимотеј на МПЦ-ОА.Како што е познато титулата хороепископ не предвидува ракополагање, поставување свештеници и осветување храмови. Но овие комбинации и можности сеуште се на ниво на можни зашто со нив треба да се согласат и свештениците на ПОА, зашто е таков договорот.
Инаку владиката Тимотеј денеска пред новинарите уште еднаш го потенцира ставот дека за нив Македонската Православна Црква- Охридска архиепископија е името со кое ја ословуваат , а останатите нека ословуваат како што сакаат.
Во јуни лани СПЦ официјално ја прифати автокефалноста на МПЦ со што се стави крај на полавековниот спор мегу црквите на Македонија и Србија. Во моментов се очекува Томосот од Вселенската Патријаршија од каде прво упатија на решавање на административните отворени прашања со СПЦ кои почнувајќи од јуни лани со доделувањето на Томосот, и сега со интеграцијата на ПОА, ќе бидат целосно завршени.
Ова се очекува да го отвори патот вселенскиот патријарх Вартоломеј да ни го додели Томосот за конечно вклучување на македонската црква во светското семејство на православни цркви.