Сутерен.мк

Евровизија нема да се одржи во Украина догодина

Европската радиодифузна унија (ЕБУ), организацијата која го организира Изборот за песна на Евровизија, потврди дека натпреварот нема да се одржи во Украина следната година и покрај тоа што украинскиот бенд „Калуш оркестра“ го освои првото место годинава.

„Со оглед на тековната војна, ЕБУ, во соработка со експерти, спроведе целосна оценка за изводливост и безбедност. Изборот за песна на Евровизија е една од најкомплексните ТВ-продукции во светот, со илјадници луѓе кои работат и присуствуваат на настанот и потребни се 12 месеци подготовка.

По објективна анализа, Референтната група на ЕСС и Управниот одбор со длабоко жалење заклучија дека, со оглед на моменталните околности, безбедносните и оперативните гаранции што ги бара ТВ-станицата за домаќин, организирање и производство на Евровизија според правилата, украинската телевизија моментално не може да го организира настанот.“
ЕБУ откри дека преговараат со „Би-би-си“ за Обединетото Кралство да ја преземе улогата на земја домаќин следната година.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *