Можеби е тешко да се поверува дека нешто што има толку добар вкус, не е лошо за нас. Меѓутоа чоколадото, особено црното, содржи железо и антиоксиданти, кои помагаат во борбата против стресот.
Професионалните нутриционисти тврдат дека се може да се јаде и да се губат килограми. Целата работа е всушност, колкава количина се конзумира, а не што. Па така и со чоколадото – во умерени дози е сосема безопасно за линијата.
Чоколадото содржи преработен шеќер, но и влакна и антиоксиданти. Доколку имате проблеми со нивото на шеќерот во крвта, користете темно или чоколадо со помалку шеќер.
Тврдењето дека конзумирањето на чоколадо „предизвикува“ акни е тотална заблуда: акните се последица на типот на кожата, хормоните, генетиката, возраста, негата на кожата и надворешните фактори.