Сутерен.мк

Златан го виде филмот во кој глуми негативец

Фудбалерот Златан Ибрахимовиќ и неговата сопруга Хелена Сегер привлекоа големо внимание на премиерата на филмот „Астерикс и Обеликс“ во Париз.

Ибрахимовиќ во филмот ја оствари својата прва улога и тоа како негативец – центурион, а дали ќе продолжи по тие стапки засега не се знае.

Ибрахимовиќ е роден во Шведска и е син на Бошњакот Шефик Ибрахимовиќ емигрант во Шведска и Јурка Гравиќ која е со потекло од Хрватска. Неговиот татко е од Бјелина, Босна и Херцеговина, а неговата мајка е од мало село близу Задар, Хрватска.

Ибрахимовиќ израснал во Розенград соседство во Малме познато по имигрантските заедници, заедно со неговите три сестри и двајца браќа. Ибрахимовиќ почнал да игра фудбал на возраст од шест години во два фудбалски клуба, „ФК Босна” и “ФБК Балкан”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *