Сутерен.мк

Игор Пачемски: Сон на летната ноќ – трагична едночинка, разбира се!

Во спарната летна ноќ, пијани од амброзија, во шумата што мириса на шарска, во потрага по авантура се упатија Оберон (натопорен како Хаџи Замфир), Титанија (пресреќна дека потпишала спонзорски договор со Булгарплод за реклама на б’лгарски плодове и зеленчуци) следена од Писблосом, Кобвеб, Мот и Мастардсид (несоодветна замена за нејзините мачки, за кои на Оберон душата му ја извади, дека храна не купил), Хиполита (најпијана од сите и секако во дилема дали името ѝ доаѓа од хипопотамус бидејќи во вакви моменти на интоксикација ја напаѓа Тристес), Ботом (не толку пијан(а), способен(а) да снима и да пренесува до Горгона, која иако не е дел од приказнава директно, ја покажува својата грда глава една година подоцна).

Оваа весела дружина која само пијан Оберон можел да ја склопи во моменти на шумска т.е. градска емпатија која не можеше да биде упиена од мрсното во ќебапите – самовилски од Атина Кристи, местото каде што непосредно пред настанот со намуртената Титанија и гладната Хиполита дрмнаа по 20-ка.

Ја видоа и Ариадне Алачка и можеа да потврдат дека офка „мхм, мхм, мхм“ со еднаков интензитет како и во кулинарските драми по Софокле кога како deus machina витка сарми и го спасува денот.

Вниманието им го привлече Таурин, една самовилска дупка, чиј меанџија беше Урони, свиња која си имаше ставено маска од зајче и на пијаните гости им се виде баш како такво.

Оберон беше решен неговото ќесе да ги загуши криковите на Титанија за мачките, беше решен да ја доначука Хиполита или како што пијан ја нарече Хиполина, додека Писблосом, Кобвеб, Мот и Мастардсид декоративно ќутеа. (Писблосом додуша не, всушност, блескаше во пижамчето), а Ботом делеше совети како Семе синапово онлајн ѝ иако омразена од сите Смовиловци сепак, беше толерирана од дружината (иако, каде што има чад, има и оган, но…).

Урони со кратки пантолони како Квазимодо потскокнуваше од радост бидејќи во смрдената дупка во боровите никој од последните Олимписки игри не беше нарачал нешто повеќе од ѕидарско и носеше ли носеше тури платени од картицата од грчко – американската самовилска фондација на Оберон.

На некој му текна дека околу Таурин гравитира и Хернија, во Скопје наречена Хемија, нон-бинарна ванаби самовила која го украла магичниот самовилски прашок од Ѕвончица (друга приказна, ама самовилите настапуваат трансцедентално) и Хемија брже боље во момент на едно циганско театро го расфрли прашокот врз дружината, амплицирајќи го звукот што се ширеше од масата.

Звукот на Титанија „котките“, на Оберон: „Јас, јас, дај уште, јас, јас“, на Ботом: „Никој не ме разбира, женски права“, на Кобвеб: „Култура, култура циу“ (Cobweb или пајажини, беше крстена така поради фактот што никој не ѝ ги исчистил истите од дамската градина доста одамна) и пред сѐ на бесната Хиполита, кога виде дека Писблосом се облекла во пижамче.

Решена да ги истепа сите пратиљи на Титанија, Хиполита која сепак, мери пред да удри, провери дали на Писблосом пижамчето е од доволно дебел сатен за да не биде класифицирано како неглиже и кога виде дека стандардите на децентност се запазени, најубавата беше поштедена.

Притоа Ботом ревносно запишуваше, а Урони си ги триеше папците и дискретно фаќаше белешки бидејќи Оберон и Хиполита се доста лесни и за сакање и за мразење.

Криците се слушаа длабоко во ноќта, Аутанот ги победи комарците, а Ботом пресреќен дека се здобил со доволно материјал, прв отпатува во ноќта.

Епилог: Хиполита падна на песокот на љуљашките, ама сама си стана и си отиде дома. Хемија си фрлаше прашина по маало и се пресели на островот Лезбос каде што сега продава култура на Лезбејчаните иако, самата таа потекнува од многу помал и посељачки остров. Оберон пак, некако успеа да остане добростојечи, иако многу пати Титанија се обиде да го реши од ќесето. Оберон исто така ќе умреше од самовилска чума, ама не умре.

Писблосом, Кобвеб, Мот и Мастардсид секако се немаат сменето и се вечно млади и убави. Писблосом уште поштуе пижамче, а на Кобвеб уште пајажините не ѝ се исчистени. Ботом ја продаде приказната за вечерта на Горгона за пет гроша и Горгона во пијана состојба, точно година дена пост фактум изврши напад над племето на Амазонките на Хиполита. Горгона изгуби.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Каменот од блиску доаѓа и секако, амброзија не купувајте од било која искубана самовила бидејќи доста често ќе се обиде да ве продаде за пет гроша, па и помалку. И така, пред оваа приказна да падне во заборав, едно мало потсетување до Горгона, Ботом и Хемија дека сепак, Оберон е кралот на Самовилите, Хиполита кралица на Амазонките, а вие само три пратечки вокали без високо Ц.

(Авторот знае да го реши Шродингер за Јаглерод 6, но одбра да црта гаќи. Горд татко е на 3 мачки и луда папагалка со субмисивен дечко папагал. Лош шеф и сопруг на една измачена бугарска мечка. Многу чкарт педер, кој пие, арчи и се тепа.)

*Ставовите изнесени во колумните се лични мислења на авторите и не го претставуваат нужно ставот на сајтот suteren.mk.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *