Најсестраниот орган во целокупниот животински свет е сурлата на слонот!
Таа е продолжен нос, горна усна и рака со која овој џин може да крене и најситни предмети; му служи и како лажица; таа му е и оружје и правосмукалка и сетило за мирис; со неа ги влече и младенчињата; преку неа дише кога се капе; со сурлата се тушира и се прска со кал; му служи и за поздравување, а му е и скапоцен метереолошки „апарат“.