Сутерен.мк

Инфузии за вашите растенија

Една кафена лажица шеќер ставете во една шолја вода, па помешајте со лажица и со овој раствор полејте го растението кое полека пропаѓа.

Сепак, треба да се грижите за следното: со овој раствор немојте да го полевате често растението, не повеќе од еднаш до двапати месечно.

Претераното полевање на растенијата со т.н. шеќерна вода може да ја оштети внатрешната структура на растението затоа што во неа има висока концентрација на течна сахароза која може да предизвика одземање на водата од коренот, што на крај доведува до дехидрирање и скапување на растението.

Собните растенија полеани со овој раствор ќе се „побунат“ доколку истиот не им одговара. Тоа ќе ви го покажат на два начини – или лисјата за кратко време ќе пожолтат или нагло растението ќе остане без своите цветови. Во тој случај треба да ја запрете прехраната со оваа шеќерна вода.
Друга “финта” е со шкорчињата од еден ќибрит – ги потопувате во еден литар вода и кога водата ќе стане розеникава, ги полевате со неа цвеќињата. Велат дека функционира…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *