Иако неговиот најнов филм „Елвис“, во кој го игра менаџерот на пејачот, Том Паркер, е фаворит за најдобар филм на годинешните „Оскари“, Том Хенкс во понеделникот беше малку изненаден кога дозна дека заработил три номинации за наградата „Златна малина“ – награда доделена на најлошите филмски остварувања во годината.
Тој беше номиниран за „Златна малина“ за две улоги: онаа на менаџерот на Присли во биографскиот филм „Елвис“ и за улогата на Џепето во римејкот на „Дизни“ на „Пинокио“. Во соопштението за медиумите на организаторите на наградите „Златна малина“ се наведува дека улогата на Хенкс во филмот „Елвис“ е „најисмејуваната изведба за 2022 година“.
Дизниевиот „Пинокио“ е меѓу петте номинирани за најлош филм за годинешните награди „Златна малина“ заедно со контроверзниот биографски филм за Мерилин Монро. Рецензијата на „Њујорк тајмс“ вели дека Хенкс се појавува во Пинокио со куп латекс на лицето и бизарен акцент.
Номинациите за „Златна малина“ обично се објавуваат ден пред објавувањето на номинациите за „Оскар“. Хенкс е во потесниот круг за „Оскар“ за најдобар актер за „Човекот наречен Ото“.