Македонија е на 47-то место на листата на најдобрите сто светски кујни, а највисоко од екс – ЈУ републиките котира Србија, која е на 15-тото место за добро светско кулинарство.
Кога станува збор за соседните земји, Хрватска е 17-та, унгарската кујна е на 20 место, Романија е на 24 место, бугарската кујна е на 33 место, Словенија е на 56 место, Босна и Херцеговина е на 68 место. а Црна Гора на 83 место.
Првото место, на изненадување на многумина, го зазеде грчката кујна, а потоа италијанската, па мексиканската, шпанската, португалската и турската. Заклучено е дека европската кујна е предводник и дека на многумина им е омилена, па каде и да се движиме ќе наидеме на добар залак.