Посветено на депримираните,
од циклусот „Депресии“
ДЕПРЕСИЈА: УТРО
Наутро отсекогаш
си сакала да молчиш.
Си го милувала привидот
на осаменост.
Тишината те плашела единствено
кога си била во друштво со други.
В зори ќе се зари, озарено
лицето на светлината
а ти, меланхолична, ќе се обидеш
да ги отстраниш флеките на Луната
да се исправиш на нозе
небаре го држиш цврсто во свои раце
универзалното клатно на рамнотежата
небаре си нашла решение
како да излезеш на крај со
депресијата
божем ја игнорираш
ѝ вртиш грб
ама и грбот има очи !
(Авторката е книжевен теоретичар, есеист, антологичар, критичар, универзитетски професор, поет и раскажувач, академик – редовен член на МАНУ.)
*Мислењата изнесени во текстовите се лични коментари на авторите и не го претставуваат ставот на сајтот suteren.mk