Смртта на кралицата Елизабета Втора, која во четвртокот почина на 96 годишна возраст, значеше крај на најдолгото владеење на еден монарх во Обединетото Кралство
Со седум децении на власт, Елизабета е вториот монарх со најдолг период на владеење на една држава која е меѓународно признаена како суверена. Само еден човек владеел подолго од неа, а тоа е кралот Луј Четиринаесетти од Франција, кој бил на чело на земјата повеќе од 72 години, помеѓу 1643-1715 година. Луј имал само четири години кога бил прогласен за крал.
Според извештаите во неколку медиуми, тајландскиот крал Бумибол Адуљадеј (Рама ИЏ) се наоѓа на трето место, откако го заврши своето владеење во 2016 година по 70 години и 126 дена.
Во однос на најдолго владејачките монарси на сите времиња, вклучувајќи ги и државите кои не беа меѓународно признати како суверени во поголемиот дел од нивното владеење, Елизабета Втора ќе се рангираше многу подолу на листата. На врвот на таквата листа би бил Собхуза Втори, кој владеел со Свазиленд 82 години и 254 дена, од 1899 до 1982 година.
Луј Четиринаесетти
Kралот Луј Четиринаесетти (познат како Луј Големиот), бил крал на француското кралство од 14 мај 1643 – 1 септември 1715, што го прави монарх кој владеел најмногу време во историјата. Интересно за овој монарх е што тој станал крал на свои 4 години. Во негово име како регент владеела неговата мајка, Ана Австриска, која власта ја пренела во рацете на кардиналот Жил Мазарен. По смртта на Мазарен, во 1661, Луј Четиринаесетти ја презел контролата над кралството.
Елизабета Втора
Британската кралица Елизабета Втора, која почина на 8 септември на 96-годишна возраст во својата летна резиденција во Балморал, е најдолговечниот британски монарх, а на тронот таа беше цели 70 години. Таа владееше од 6 февруари 1952 до 8 септември 2022 година.
Покрај тоа што беше кралица на Обединетото Кралство, таа беше и монарх на 16 земји од Комонвелтот и исто така врховен поглавар на англиската црква. Бидејќи нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести и мајка ѝ на Елизабета немале други деца освен Елизабета и нејзината помала сестра Маргарет, позицијата на британскиот монарх ѝ била загарантирана.
Рама Шести (Бумибол Адуљадеј)
Бумибол Адуљадеј, познат и како Рама Шести, беше крал на Тајланд дури 70 години и 26 дена, што го прави трет монарх со најдолго владеење во историјата. Тој владеел од 9 јуни 1946 до 13 октомври 2016 година.
Тој на 13 октомври 2016 година почина на 88-годишна возраст.
Тој бил исклучително почитувана личност во земјата и се сметал за фактор на стабилност во земјата со исклучителна политичка нестабилност и повеќекратни државни удари.
Последните години бил со кревко здравје и малку се појавувал во јавност.
Јохан Втори
Јохан Втори, познат како Добриот, бил принц на Лихтенштајн од 12 ноември 1858 до 11 февруари 1929.
Тој седнал на тронот кратко по неговиот 18-ти роденден. По Првата светска војна, во 1921 година го доделил новиот Устав на земјата. Тој им доделил значителни политички права на обичните граѓани и го направил кнежеството уставна монархија. Уставот преживеал, но со неколку ревизии, особено оние во 2003 година.
Лихтенштајн ја напуштил Германската Конфедерација во 1866 година. Не долго потоа, Армијата на Лихтенштајн била укината бидејќи се сметала за непотребен трошок.
Мухамед Џива Заинал Адилин Втори
Мухамед Џива Заинал Адилин Втори бил вториот султан од Кедах.
Тој владеел од 1710 до 1778 година, а неговиот лик може да се најде на многу актуелни знаменитости во Малезија. Тој исто така најдолго владеел како суверен монарх, владеејќи вкупно 68 години и 220 дена.
Кинич Џанааб Пакал Први
Кинич Џанааб Пакал Први, познат како Пакал, е еден од најпознатите монарси од Јужна Америка, а владеел од 27 јули 615 до 29 август 683 година.
За време на неговото владеење, Пакал бил одговорен за изградбата или проширувањето на некои од најзначајните натписи и архитектури кои се уште постојат во тој дел.
Франц Јосеф Први
Франц Јозеф бил цар на Австрија и крал на Унгарија, Бохемија, Далмација и Хрватка, а владеел од 2 декември 1848 година сè до својата смрт на 21 ноември 1916 година.
Тој дошол на власт на свои 18 години, а бил наследник на Фердинанд. Со помош на рускиот цар успеал во 1849 година да ја задуши унгарската револуција, а потоа вовел централистичко-апсолутистички режим.
Чан Имикс Кавил
Чан Имикс Кавил бил дванаесеттиот владетел на Копан, држава на Маите.
Тој владеел од 8 февруари 628 до 18 јуни 695 година.
Фердинанд Трети
Фердинанд Трети бил кралот на двете Сицилии, а владеел од 6 октомври 1759 година – 4 јануари 1825 година.
Тој исто така бил и Кралот на Гозо.
Викторија
Кралицата Викторија е вториот монарх со најдолг период на владеење по Елизабета Втора.
Таа владеела од 20 јуни 1837 до 22 јануари 1901 година.