5. Хонда сивик (Honda Civic)
На петтото место се наоѓа „хонда сивик“, која ги освојува купувачите ширум светот уште од 1972 година. „Сивик“ е познат како економичен и сигурен автомобил, но и многу удобен за возење. Се нуди во повеќе верзии – од основни градски модели до спортската варијанта „тајп ар“. Со повеќе од 24 милиони продадени примероци, овој модел се смета за еден од вистинските класици во автомобилската индустрија.
4. Фолксваген буба (Volkswagen Buba)
„Фолксваген буба“ претставува вистинска автомобилска икона. Од почетокот на производството во 1938 година па сè до 2003 година произведени се околу 21,5 милиони примероци. Благодарение на едноставната технологија, издржливоста и препознатливиот изглед, овој автомобил стана култен модел на светско ниво и до денес има голем број обожаватели меѓу љубителите на класични возила.

3. Фолксваген голф (Volkswagen Golf)
Третото место му припаѓа на „фолксваген голф“, кој на пазарот се појави во 1974 година како наследник на легендарната „буба“. Со својата разновидност, широкиот избор на верзии и постојаните технолошки подобрувања, „голф“ стана стандард во европската компактна класа. До денес се продадени повеќе од 35 милиони возила.
2. Форд Ф-серија (Ford F-serija)
На второто место е „форд Ф-серија“, која доминира на американскиот пазар уште од 1948 година. Станува збор за серија лесни камионети и пикап возила, меѓу кои моделот Ф-150 стана симбол на американскиот начин на живот. Со повеќе од 40 милиони продадени примероци, ова е најпродаваното возило во Соединетите Американски Држави и еден од најголемите комерцијални успеси во автомобилската индустрија.
На врвот на листата се наоѓа „тојота корола“, која од 1966 година до денес е продадена во повеќе од 50 милиони примероци. „Корола“ е позната по практичноста, едноставното одржување и издржливоста, па затоа не изненадува што токму овој модел го држи светскиот рекорд по продажба.