Сутерен.мк

Како реагира телото на вљубувањето?

Сите знаеме дека вљубениот човек посебно зрачи со задоволство и среќа, но помалку познати се скриените промени што се случуваат во телото.

1. Мозокот ги менува активностите во дел од секундата. Љубовта на прв поглед најчесто ни звучи како клише или добро избрендиран наслов на холивудска романтична комедија, но во прилог на веродостојноста на првиот чекор од вљубеноста доаѓа едно истражување. Имено, љубовта активира дури 12 делови од мозокот, а исходот е чувство на вљубеност веќе во петтина од секундата.

2. Срцето го забавува својот ритам. Вљубеноста влијае на нивото на хормоните, чии резултати се намалување на крвниот притисок и забавување на отчукувањата на срцето.

3. Го губиме сонот. Резултатите од истражувањата покажале дека човекот во периодот на вљубеноста губи околу еден час спиење. Причина за тоа е размислувањето за саканата личност која нѐ одржува будни.

4. Болките во телото попуштаат. Љубовта во мозокот активира исти рецептори на кои дејствуваат лековите против болка.

5. Стануваме сенилни. Во текот на вљубеноста во мозокот се ослободува окситоцин, хормон кој ја блокира меморијата. Резултат е чувство на отсутност и заборавеност.

6. Се активира љубомората. Ситуациите во кои не можете да се контролирате кога својата сакана личност ќе ја видите во разговор со друга, се први знаци на вљубеност. Имено, докажано е дека љубовта влијае на нашето чувство на заштита на љубената личност односно, ја активира љубомората.

7. Храната станува послатка. Во текот на истражувањата во кои учествувале вљубени студенти, задачата им била да пробаат различни продукти и да го оценат нивниот вкус. Резултатите биле неочекувани, имено, сите се согласиле дека храната и пијалаците што ги јаделе имаат сладок вкус.

8. Ја губиме концентрацијата. Несвесното размислување за партнерот ги нарушува нашите деловни вештини. Кога сме вљубени, послабо се концентрираме на извршувањето на задачите.

9. Гласот ни станува потенок. Во текот на комуникацијата со личност кон која имате некакви чувства, гласот добива повисока фреквенција и станува потенок.

10. Зајакнуваат коските. Едно истражување покажало взаемна врска помеѓу среќните двојки во брак и поцврсти и посилни коски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *