Младоженец без занимање и точен датум на раѓање, 32 години помлада невеста. Тој разведен, таа невенчана – вака гласат информациите на изводот од матична книга на венчани на Јосип Броз – Тито и Јованка Будисављевиќ
Тито имал 32 години кога се родила Јованка, неговата трета сопруга и единствената прва дама на Југославија.
Исто така, датумот на раѓање на претседателот во документот е наведен како 25 мај, наместо неговиот вистински роденден – 7 мај.
На некои, пак, им е интересен податокот дека, наводно, Тито и Јованка живееле на иста улица со различни броеви, а некои се прашуваат зошто ракописот е ист насекаде во изводот. Според некои, тоа е логично бидејќи извадокот го напишал службено лице.
„Овој документ е препис на оригиналот, бидејќи потписите не се оригинални, туку пишува с.р. Со тоа служеникот, кој го направил преписот, гарантира дека имал увид во оригиналниот документ, каде што сите наведени лица се потпишале своерачно (с.р.). Нивните имиња се наведени, но тие не се потписи. Заедно со оригиналниот документ, обично веднаш биле издавани една или две копии, кои служеле за различни цели на користење на документите и биле третирани исто како и оригиналот. Од ракописот се гледа дека оваа копија на оригиналот ја направил матичарот што ја извршил венчавката (Момир Јовановиќ).
Но, интересно е што полето за професија кај Тито е празно.
„Не може да пишува бравар кога не е бравар. Веројатно, браварот бил лик чиј идентитет го претпоставил и загинал во војната бранејќи ја земјата. Споменатиот Тито се школувал во странство и се подготвувал за таа улога и бил поставен со нечија одлука да ја игра улогата. Не знам дали тоа му беше јасно на народот за време на неговото владеење. Зборуваше како странец кој го научил јазикот и никому ништо“.
Инаку, кум им бил Александар Ранковиќ, шеф на Државната безбедност.
Отпрвин, речиси никој во земјата не знаел дека се венчале бидејќи свадбата била тајна. Церемонијата се одржала недалеку од Илок, во вилата на Тито покрај Дунав, во мал круг на луѓе.
Одредени извори тврдат дека Јованка била практично политички наместена за Тито за малку да го смири бидејќи, наводно, бил прилично ненаситен кога се во прашање жените. Според некои документи, Јованка во кругот на Тито ја донел Иво Крајачиќ Стево, шефот на комунистичката тајна полиција ОЗНА.
Иако се шпекулираше дека формално се развеле на крајот на седумдесеттите години на 20. век, Јованка останала со Тито до неговата смрт во 1980 година.
И додека однадвор сè изгледало хармонично меѓу нив, нивната врска не била идилична, особено во седумдесеттите години. Јованка во последните неколку години од животот, наводно, не го ни видела сопругот. Кон крајот на животот на Тито во 1978 година, дури и британскиот амбасадор сфатил што се случува, па испратил порака до Лондон со содржина: „Тито е сосема сам“.
Тој повеќе не беше со сопругата или пријателите, а наскоро она што тој го создаде, Социјалистичка Федеративна Република Југославија, ќе почне да се распаѓа.