Сутерен.мк

Криптовалутите се како венерична болест!

Десната рака на Ворен Бафет, сопственикот на „Дејли Џурнал“, членот на управниот одбор на малопродажниот ланец на маркети „Костко“, американскиот милијардер Чарли Мангер (98), неодамна изјави дека криптовалутите воопшто не го интересираат и за нив вели дека се како венерична болест!

Претходно, Мангер има речено дека биткоинот е премногу нестабилен и како што никогаш не купувал злато, нема да купува ни криптовалути. Биткоинот дури го спореди со цитат од Оскар Вајлд: „Нема побесмислено од лов на лисици, во гонењето на нешто што не се јаде!“

Она што го издвојува од останатите светски милијардери му е репутацијата дека е најголем интелектуалец меѓу големите капиталисти. Студирал метеорологија, дипломирал право на Харвард, а хоби му е архитектурата (проектирал неколку згради), но е и многу вешт во игрите со карти. Покрај ова, тој е и еден од најдарежливите богаташи, најмногу ги подржува американските универзитети!

Советите на Чарли Мангер:

  • Не бидете премногу завидливи.
  • Не бидете премногу незадоволни.
  • Не трошете повеќе отколку што заработувате.
  • Работете и соработувајте со лојални личности.
  • Останете ведри и покрај проблемите.

За последново дообјаснува: „Дали можете да бидете весели кога сте  потонати во омраза и огорченост? Секако дека не. Па зошто тогаш би ги прифатиле тие чувства?“

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *