Талибанците одлучија дека авганистанските жени мора да ги покриваат лицата на јавни места.
Таткото или најблискиот машки роднина на жена која не го покрива лицето надвор од домот ќе добие предупредувачка посета и ќе заврши во затвор или ќе остане без работа во државната служба. Идеално решение се смета сината бурка која го покрива целото тело. На жените и се што е женско, не им дозволуваат да патуваат без машка придружба и да посетуваат паркови истовремено со мажите. Драга дарлинг, би сакала да чујам ваше мислење за ова.
Млада муслиманка
Млада муслиманка дарлинг, не се разбирам јас нешто од Афганистан освен дека се сеќавам на некој запис од пред пет-шест века каде некој емисар уште тогаш ги забележал земјата и народот како неплодни и неприлагодливи, едноставно како тло од кое ништо добро не може да никне.
Верувам, мислел на водачите на племињата иако, поприлично е општ. (Навистина немам време да буричкам по книгите и да скенирам.)
Како и да е, тоа со „покривањето, криењето, мистификациите“ на жените е синдром.
Најекстремен е кај одредени фанатични групи, го има и кај христијаните и другите религии.
Како лаик, можам да кажам дека се работи за бранење на жртвата од себеси и себеси од себеси.
Мажите во ваквите случаи, си признаваат дека се нецивилизирани, дека не можат да си ги контролираат нагоните, дека се просто речено, животни, па мораат да се заштитат да не паднат во „искушение“, со тоа што „искушението“ ќе го направат невидливо. (Не ми е јасно само како ги решаваат силувањата и на тотално покриените жени и девојчиња?!)
Значи, го исклучуваат она, „сама си го барала“.
Бидејќи изледа мислат за себе дека се предатори. Тоа е добро. Што признаваат дека не се способни да си го контролираат половиот орган. Не е добро што мислат дека им веруваме дека можат да управуваат со било што друго.
Е сега, во многу вакви општества и самите мажи се „покриени“ – носат и шамии на главата, брадосани се. Што ќе рече, тие не само што си ги „штитат“ жените, туку се штитат и од евентуални хомосексуални напади врз нив. (Статистичка грешка е жена да нападне сексуално маж.)
Многу стравови има тука и многу малку машкост…
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)