Сутерен.мк

Мајмунски сипаници потврдени во 12 земји

Повеќе од 80 случаи на мајмунски сипаници се потврдени во најмалку 12 земји. Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека се истражуваат уште 50 сомнителни случаи, без да именува ниту една земја и предупреди дека најверојатно ќе бидат пријавени повеќе случаи.

Инфекции се пријавени во девет европски земји, односно во Обединетото Кралство, Шпанија, Португалија, Германија, Белгија, Франција, Холандија, Италија и Шведска, како и во САД, Канада и Австралија.

Случаите со инфекции на мајмунските сипаници се најчести во оддалечените делови на Централна и Западна Африка. Тоа е ретка вирусна инфекција чии симптоми се обични благи и од кои повеќето луѓе се опоравуваат за неколку недели, според Британската национална здравствена служба.

Вирусот не се шири лесно меѓу луѓето, а ризикот за пошироката јавност е многу низок. Не постои специфична вакцина за него, но вакцината за мали сипаници нуди заштита од 85 отсто бидејќи двата вируси се доста слични.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *