Сутерен.мк

Најефтините земји за живот

Секако дека кога магазинот „Форбс“ ја правел листава не мислел на „цркавицата“ наречена плата што во просек ја имаат граѓаните на Македонија, туку на некои други, кои имаат пристојни примања за сработеното…

Костарика

Оваа „Швајцарија на америките“ има разумни трошоци за живот, власт која се грижи за своите граѓани, голем избор на недвижности, природни убавини и срдечни луѓе. Според „Форбс“, една двојка (без налудничави екстраваганции) може да живее комотно со 1 600 евра месечно.

Панама

Оваа земја во Латинска Америка неуморно се развива. Јавниот превоз е невообичаено ефтин, за малку пари можете да јадете многу, а има и одлична здравствена заштита.

Мексико

Мексико е огромно и со тоа може да понуди различни начини на живот. Ефтини се недвижностите, храната, рестораните, превозот, здравството, забавата… Со помалку од 2 000 евра месечно една двојка може сосема опуштено да егзистира.

Колумбија

Земјата со секоја година е се попитома и погостољубива. Кому не му пречи тропската клима, може удобно да живее за помалку од 800 евра месечно.

Португалија

Нешто повеќе од 2 000 евра месечно би ја чинело опуштен живот една двојка во Лисабон, Порто, Ламего, Коста Нова… Историските градови, прекрасните плажи, се гратис.

Еквадор

Еквадор е земја на вечна пролет, а тука се и едни од најубавите плажи на светот. Двособен стан во центарот на Куенца за изнајмување чини 500 долари, храната е многу ефтина, атмосферата е исклучително лежерна, а двајца сосема солидно би „преживеале“ со 1 650 долари месечно.

Малезија

Сите во Малезија знаат англиски, се е во земјата возбудливо, а за двајца животните трошоци се околу 2 000 долари месечно. (Треба да се напомене, дека како и секаде во светот, животот на самец се разбира дека е поскап.)

Франција

Не во Париз и Лион, но во другите француски градови двајца партнери можат солидно да живеат со помалку од 2 000 евра месечно. Најголемата заштеда е во ефтините недвижности.

Малта

Без разлика на бројот на туристи, цените во Малта се сеуште пристапни. За селидба, „Форбс“ ги препорачува Валета, Гозо и Комино.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *