Сутерен.мк

Најзгодните според Бред Пит

Холивудскиот заводник Бред Пит во една пригода имаше ексклузивно интервју за списанието „Вог“, а фокусот беше ставен на промовирањето на неговиот бренд за нега на машка кожа „Л домен скинкер“

Очекувано, во текот на разговорот за тоа како мажите треба да се грижат за себе и кој новитет го нуди неговата козметика, актерот беше прашан и за тоа кој маж го смета за најзгоден на светот.

„Знаете во актерскиот свет, бидејќи тоа е мојата работа што ја работам секој ден… Мислам дека е Пол Њуман. Затоа што старееше толку грациозно. И според сите факти, тој беше навистина посебно, талентирано, топло човечко суштество“, рече Бред.

„А, ако треба да именувам еден од луѓето кои сè уште се меѓу нас, морам да го истакнам Џорџ Клуни, бидејќи зошто да не?“, додаде актерот.
Потоа, Бред откри дека неговата тајна за добриот изглед не е воопшто комплицирана. Објасни дека грижата за себе, се состои од здрава храна и вежбање, но ништо опсесивно, работа на креативноста и времето со саканите.

Бред одговори и на прашањето каде се гледа себеси во иднината, а неговото размислување за тоа е всушност важна животна лекција за сите нас.

„Колку стареам, толку повеќе размислувам за квалитетот на животот и потрошеното време, и секако ќе се посветам на тоа. Мислам дека по изолацијата многу луѓе почнаа да размислуваат како го поминуваат времето, на што ги посветиле своите животи? И мислам дека семејството и пријателите на крајот се најважни“, рекол Бред.

 

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *