Сутерен.мк

Најлошите за брак

Стрелец
Стрелецот сака да биде независен и слободен, па затоа му е многу тешко да се смири покрај една личност. Затоа е многу тешко да ги разберете кога се во прашање емотивните врски. Поради сосема спротивни ставови за приврзаноста и посветеноста, Стрелецот најтешко се согласува со Ракот, кој со својата семејна ориентација е сосема спротивно од независниот Стрелец.

Вага
Иако се многу романтични, внимателни и ќе направат се за нивниот партнер да се чувствува прекрасно, Вагите како сопрузи можат да бидат и многу себични и имаат тенденција да бараат многу, а да даваат многу малку. Иако имаат романтичен карактер, им треба многу личен простор, па често емотивната поврзаност и обврските што ги носи семејниот живот може да ги „задуши“. Тогаш воопшто не се добро друштво.

Девица
Девиците обично се толку вредни и ориентирани кон бизнисот што нивното семејство е на прво место дури откако ќе го постигнат посакуваниот статус во кариерата. Не прават компромиси и се согласуваат само со партнер кој ги исполнува нивните очекувања, а доколку тоа се промени, си заминуваат без да се грижат за совети и лесно продолжуваат понатаму.

Лав
Лавот е многу социјална личност на која и треба многу внимание, забава и мотивација. За еден Лав да се заинтересира за вас, треба да бидете интересни и забавни како нив и да бидете подготвени постојано да внесувате нешто ново во вашето секојдневие. Во спротивно, Лавот ќе се обиде што поскоро да избега од рутината во која навлегол.

Водолија
Визијата што ја имаат Водолиите за љубовта и бракот не може да се вклопи во ниеден шаблон. Тие се уникатни луѓе со уникатен начин на размислување за сè, вклучително и за љубовта. Најчесто се презафатени со некои креативни дела што имаат многу малку време за емотивни врски и не се плашат од осаменост. Уште повеќе, Водолиите уживаат да бидат сами и затоа е тешко да ги задржите во брак.

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *