Пивото е еден од најпопуларните алкохолни пијалоци во светот, но има „момент“ кога треба да престанете да го пиете, објаснува неврологот д-р Ричард Рестак.
„Во идеален свет“, објаснува д-р Рестак, „секој треба да почне да го намалува внесот на алкохол по 65-годишна возраст и целосно да престане да пие до својот 70. роденден“.
Оваа препорака произлегува од добро познатата поврзаност на прекумерната консумација на алкохол со зголемен ризик од развој на деменција.
Во тој период, бројот на неврони во мозокот и врската меѓу нив почнува значително да се намалува, што доведува до намалување на мозочната маса, а последица на тоа е пад на физичките и когнитивните способности.
Иако можеме да се обидеме да ја избалансираме со поздрав начин на живот, како што е повеќе вежбање, најдобро е да се спречи оштетувањето од самиот почеток.
Можеби на некои им изгледа тешко да се откажат од пивото во пензија – периодот кога конечно можете да си дозволите малку да се опуштите – но тогаш телото е најчувствително на штетните ефекти на алкохолот, па затоа е мудро да го избегнувате.
„Силно препорачувам, ако имате 65 години или повеќе, целосно и трајно да го елиминирате алкохолот од вашата исхрана“, советува д-р Рестак.