Сутерен.мк

Ништо веќе не е исто!

Се се менува, па и социјалните „обичаи и правила“. Ова се 15 навики што е пожелно да ги стекнете пред да влезете во четвртата деценија од вашиот живот…

  • Садовите веднаш по користењето ставете ги во машината за миење или измијте ги рачно. Не дозволувајте да ви се создаваат купишта немиени чинии.
  • Редовно јавувајте им се на родителите. Нема да бидат тука уште долго.
  • Секое утро прочитајте ги вестите. Не морате домашните, секако се бесмислени. Останете во контакт со светот.
  • Кафе можете да испиете и дома. Сами. На раат.
  • Редовно вежбајте или барем истегнете се, направете стотина чекори…

  • Секогаш кога одите некаде – на гости, забава…, однесете нешто. Не одете никаде со празни раце.
  • Не го прескокнувајте појадокот. Каков и да е, од што и да е.
  • Вечерата што почесто подготвувајте си ја сами: месо, риба, зеленчук и некоја чаша вино е многу подобро од пица и газиран сок.
  • Секогаш со себе носете кондоми. Освен, ако имате тотална доверба во долгогодишниот партнер или сакате бебе.
  • Внимавајте на телесната тежина. После 40 – тата, станува се поневозможно таа да се контролира.

  • Одредете период во текот на денот кога нема ни да го допрете мобилниот. Барем еден час.
  • Водете сметка за набавките. Најдобро е на лист хартија да се запишува се што се потрошило. На крајот д неделата одете да пазарувате и држете се строго до списокот.
  • Секоја вечер темелно исчистете го лицето и намачкајте се со омилениот крем.
  • Направете залиха од маскари, кармини и лакови за нокти (мажите, освен бричеви за една употреба, не треба ама баш ништо да складираат). Од друго немате, ама баш никаква потреба да трупате примероци.
  • Одредете си датум во месецот кога ќе ги плаќате сметките, извршувате сите административни и шалтерски обврски и придржувајте се до него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *