Рускиот новинар Дмитриј Муратов денеска најави дека ќе го донира медалот на Нобеловата награда за мир, што ја доби минатата година, за да биде продаден на аукција за собирање средства за помош на украинските бегалци!
Весникот „Новаја газета“, каде што Муратов е главен уредник, на почетокот на март објави дека ќе го отстрани материјалот за воените дејствија на Русија во Украина од својата веб-страница поради цензура, како одговор на заканите за кривично гонење на новинарите и граѓаните кои отстапуваат од официјалната линија на владата.
Муратов, кој ја доби наградата заедно со Марија Реса од Филипини, коосновач на информативната страница Раплер, ја посвети својата Нобелова награда минатата година на шестмина од новинарите на весникот кои беа убиени поради нивната работа.
Тој рече дека својот дел од парите ќе го подари во добротворни цели, меѓу другото, за независните медиуми, дом за изнемоштени во Москва и деца со спинални проблеми.