Инфлацијата и енергетската криза втурнале под прагот на сиромаштијата уште 13 000 луѓе во земјава, од кои 5 000 се деца.
– Податоците покажуваат дека процентуално повеќе се засегнати децата. Прагот на сиромаштија за четиричлено семејство е околу 18 000 денари, рече проф. Марјан Петрески, презентирајќи ги резултатите од истражуваето на Фајненс тинк, поддржано од УНИЦЕФ, Ефектите на кризата со храна и енергија врз деца и семејства.
Петрески рече дека кризата не е завршена и дека според проценките годинава уште 4 000 лица ќе се најдат во групата под прагот на сиромаштија.