Сутерен.мк

Нов сој на коронавирусот

Податоците од Националната здравствена лабораторија во Словенија покажаа дека меѓу примероците позитивни на коронавирус, кои се секвенционираа помеѓу 24 март и 7 април, потврдиле нова омикронска подваријанта XBB.1.16.

Симптомите на овој сој се чешање, коњуктивитис и високи температури. Сепак, досега не се евидентирани сериозни компликации. Овој сој побрзо се шири, пишува jutarnji.hr.

Сојот го има во најмалку 24 држави – во Индија за еден ден има над 3 000 нови случаи, нагло зголемување на заразени е забележано и во САД, Канада, Сингапур, Австралија и Јапонија. Сојот е пронајден и во Данска, Германија, Шпанија, Холандија, Шведска и Италија.

Здравствените работници смируваат – арктурус е подваријанта на омикрон и нема простор за паника или загриженост.

Од Светската здравствена организација препорачуваа да се следи ширењето со оглед на тоа што се покажува доста позаразен. Д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заштита од заразни болести за ТВ Канал 5 појаснува оти новите подваријанти не значат нова епидемија или ескалација на состојбата. Иако е потврден во Словенија, кај нас арктурус засега се нема утврдено. Допрва ќе се секвенционираат и анализираат примероци во Институтот за јавно здравје, но маските засега нема да се вратат, вели Мехмедовиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *