Новооткриената црна дупка, која е поблиску до Земјата од сите досега познати слични феномени, е десетпати поголема од Сонцето. Таа е на оддалеченост од 1600 светлосни години, односно трипати е поблиску од црната дупка за која досега се сметаше дека е на најмала оддалеченост од Земјата.
Црната дупка прво беше забележана од евриопската вселенска сонда „Гаја“.
Црната дупка е откриена преку движењата на нејзината придружна ѕвезда. Таа кружи околу црната дупка на отприлика иста оддалеченост како Земјата од Сонцето. За научниците сѐ уште не е јасно како системот се формирал во Млечниот пат. Тој го доби името Гаја БХ1 и се наоѓа во ѕвездената констелација Офиухус (змијоносец).