Сутерен.мк

Отштета од 1,2 милијарди долари поради интернет вознемирување

Порота од Тексас ѝ додели на една жена отштета од 1,2 милијарди долари зашто била жртва на одмазднички порно снимки. Именувана како И. Д. во судските документи, таа го тужела своето поранешно момче за вознемирување во 2022 година.

Во тужбата било наведено дека тој на интернет објавил интимни фотографии од неа со цел јавно да ја посрамоти по раскинувањето. Нејзините адвокати кажаа дека ова е победа за сите жртви на сексуално насилство засновано врз фотографии. Тие првично бараа обесштетување од 100 милиони долари.

„Се надеваме дека огромната сума од пресудата испраќа порака на одвраќање и спречува други од вклучување во вакви одвратни активности“, изјави адвокатот Бредфорд Гајлд.

Според судските документи, И. Д. и нејзиното поранешно момче ја почнале врската во 2016. Додека биле во врска, таа со него споделувала интимни фотографии, а по раскинувањето во 2021, тој без дозвола ги објавил на социјални мрежи и порно сајтови. Тој исто така беше обвинет дека имал пристап до нејзините профили на социјалните мрежи, телефон и мејл.

На него му е наложено да исплати 200 милиони долари за мината и идна ментална болка, како и милијарда долари како отштета за пример.

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *