Сутерен.мк

Првиот банкомат за биткоини во „комшии“

Главниот град на Босна и Херцеговина го доби првиот биткоин банкомат, кој беше отворен во центарот на Сараево.

Зад банкоматот стои Shitcoins.club, а преку банкоматот е можно брзо и лесно менување на криптовалутите BTC, ETH, LTC и USDT во готовина и готовина во криптовалута, а се поддржува и работа во домашна валута, пренесува.

Мрежата на биткоин банкомати Shitcoins.club започна во мај 2017 година, а првиот банкомат за криптовалути беше отворен во Полска каде што корисниците можеа да купуваат или да продаваат криптовалути за готовина.

По Полска, мрежата се прошири во странство, а во моментов компанијата има свои банкомати во речиси цела Европа и продолжува да го шири својот досег.
Прометот на криптовалутите во Босна и Херцеговина не е законски регулиран.

Оданочувањето на трговијата со криптовалути сè уште не е дефинирано со Законот за ДДВ во Босна и Херцеговина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *