Сутерен.мк

Предатори на сите страни и од сите возрасти

Четири малолетници од Демир Капија силувале врсничка, мајката на девојчето пријавила во полиција, за ова денеска информираа од СВР Велес.
Односно, синоќа во 23.30 часот во Полициската станица Неготино, 30-годишна жена од Демир Капија пријавила дека подолг временски период четири малолетници, врсници на нејзината малолетна ќерка, во објект во изградба во двор на основно училиште, ја присилувале нејзината ќерка на сексуални односи со нив.

– Запознаен е јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и Центарот за социјални работи Неготино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Велес.

Шест малолетници од основно училиште од Кавадарци се пријавени во полиција, за злоупотреба на фотографии од малолетни девојчиња од истото училиште.

Од СВР Велес информираа дека децата се повикани на разговор во полиција заедно со нивните родители.

Фотографија на маж за кој се вели дека во автобус вчеравечер фотографирал малолетничка и се допирал по гениталиите, кружи на социјалните мрежи.

  • Тој рекол дека ја слика затоа што била убава. Се фаќал за гениталии, се масирал… забележале и другите во автобусот почнале да реагираат. Веднаш, тој се симнал на истата станица со неа. За 3 минути на истата станица стигнав и јас за да ја земам ќерка ми, тој беше се уште таму, стои во дел од објавата на мајката на Фејсбук.

Од МВР велат дека вчеравечер во 20.30 часот во полициската станица Карпош добиле пријава за ваков настан.

-М.М.А.(42) од Скопје пријавила дека на 11.10.2023 околу 19.10 часот, додека нејзината малолетна ќерка се возела во градски автобус бр.24 од Градежен факултет кон ТЦ Лептокарија, едно лице ја фотографирало и се допирало по гениталиите, велат од МВР.

Од Министерството посочуваат дека за случајот е известен и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *