Сутерен.мк

Реконструкција на последното патување

Хотел во Истанбул во населбата Есенлер. Надзорните камери ги регистрираат 52 патници како ги товарат своите куфери во автобусот и тргнуваат на патување, кое за неколку часа ќе се покаже, дека е нивно последно.

Некои од патниците околу 16.00 часот вчера се слушнале со своите најблиски во Македонија за да им кажат како се и дека тргнале кон Македонија, каде требаше да пристигнат утрово со прв станица на застанување – Куманово па Скопје. Но тоа никогаш нема да се случи.

Нивното патување трагично ќе заврши во три часот наутро на кривината на смртта на автопатот Струма, во ренот на селотто Боснек, пред градот Перник во Бугарија – позната како црна точка на автопатот. Неколку минути пред два часот по бугарско време на телефонот за итни случаи 112 стигнал повикот кој ги мобилизирал противпожарните и медициските екипи од Перник и Софија.
Автобусот на смртта кој бил последен од конвојот од четирите автобуси на „Беса транс“ од Скопје шест часа пред кобната несреќа, во 21 часот, е регистриран како ја поминува турско-бугарската граница на граничниот премин „Капетан Андреево“. Од тогаш до три часот утрото нема информации дали автобусот имал некакви проблеми или не. Она што се знае е дека последното запирање на автобусот било на бензинска пумпа, за патниците да се одморат, напијат кафе и освежат, на само неколку километри пред местото каде што тие трагично ќе го завршат своето патување.
А делницата од автопатот каде се случила несреќата сведочи за последните мигови на 45-те македонски граѓани, меѓу кои и 12 деца, со разрушената 50 метарска банкина и изгорениот до пепел автобус кој навлегол во меѓупростори на двете коловозни ленти на автопатот. Зад себе оставил и еден соборен сообраќаен знак.

На слабиот дожд кој врнел во текот на ноќта падна првиот сомнеж дека е можно да ја предизвикал несреќата, правејќи го коловозот лизгав. Сепак, првите неофицијални информации за несреќата се дека се слушнала експлозија во која изгорел автобусот, но не се знае што ја предизвикало. Претпоставките се дека таа е предизвикана од ударот во банкината или од пожар во самиот автобусот. Се уште не се знае дали несреќата ја предизвикал човечка грешка и условите на патот или техничка неисправност на возилото.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *