Членови на персоналот на Светската здравствена организација, домашни соработници и меѓународни членови на тимови задолжени за сузбивање на епидемијата со ебола, која пустошеше во Конго помеѓу 2018 – та и 2020 –та, обвинети се за сексуално злоставување на локални жени!
Во увидот на независната комисија, која лани ја основа генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, се вели дека на најмалку 63 жени, но и 12 мажи, 83 сторители, меѓу кои се и 21 вработен во СЗО, им нуделе вработување во замена за сексуални односи или биле жртви на силување.
„Прва работа што сакам да им ја кажам на жртвите и преживеаните е дека ми е жал. Жал ми е за се што сте претрпеле од личностите кои биле вработени во СЗО и требало да ви бидат на услуга и да ве штитат!“ – изјави Гебрејесус, најавувајќи остро казнување на одговорните.