Јапонска авиокомпанија морала да обезбеди дополнителен, трет авион за група луѓе, откако две од леталата биле изложени на опасност да ја надминат дозволената тежина, но не поради вишокот багаж, туку заради сумоборачи
– Крајно невообичаено е да се воведе уште еден, посебен лет поради ограничувањата на тежината во авионите, изјави претставник на компанијата.
Имено, борачите требало да летаат со два авиони „Боинг 737-800“. Меѓутоа, кога луѓето во авиокомпанијата осознале дека патниците се луѓе со просечна тежина од 120 килограми, решиле да не ризикуваат… Загриженоста водела кон одлуката да се префрлат некои од спортистите во друг авион.
Дополнително, аеродромот каде што требало да слетаат, немало писта за поголем авион, па затоа авиокомпанијата реши да воведе уште еден лет за 27 борачи.
Ова не е првпат сумоборачи да се појават во медиумите поради ваква случка.