Милијардерот Илон Маск, најави дека корисниците на социјалниот медиум „Икс“, наскоро ќе можат да остваруваат онлајн аудио и видео повици.
Функцијата ќе биде достапна за корисниците на сите паметни телефони, а ќе биде достапна и на компјутерите. Маск вели дека, платформата „Икс“ ќе биде како голем телефонски именик.
Оваа новина на Илон Маск, следи по неговата најава дека „Икс“ ќе стане апликација за сè. Овие апликации се особено популарни во Кина, каде што корисниците ја користат апликацијата „Ви чет“ и за разговор и за парични трансакции.
Со воведување видео и аудио повици, Маск ќе влезе на пазарот каде конкуренцијата е веќе голема. Меѓу другите, оваа функција веќе ја нудат и апликациите „Ватсап“, „Фејсбук“ и „Месинџер“, а ја нуди и „Епл“ , преку услугата „Фејстајм“.