Од Твитер најавуваат проширување на постоечките функции.
Корисниците сега имаат практична причина да се претплатат на Твитер Блу. Сега претплатниците во САД можат да објавуваат твитови со должина до 4 000 карактери.
Стандардните корисници на Твитер можат да ги објавуваат и цитираат овие подолги твитови. Исто така, Твитер е свесен дека „скролањето“ преку вака долги твитови може да биде иритантно за корисниците, па сè што е подолго од 280 карактери ќе биде скриено и дополнителната содржина ќе се прикажува со клик на „Show more“ опцијата, пренесува Engadget.com.
Твитер кон средината на јануари имал 180 000 Блу претплатници во САД и околу 290 000 ширум светот.
Компанијата е под притисок Твитер Блу да го направи попримамлив и поатрактивен, за да се оствари целта на Илон Маск половина од заработката на Твитер да доаѓа од претплата.