Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп порача дека е среќен што Твитер сега е во „разумни раце“.
Ова го кажа откако Илон Маск официјално ја презема социјалната мрежа, која ја купи за 44 милијарди долари.
„Ја сакам вистината“, напиша Трамп на неговата платформа Социјална вистина, за која кажа дека изгледа и функционира подобро.
Твитер го блокираше Трамп по упадот на неговите поддржувачи во американски Капитол на 6 јануари 2021, кога настрадаа неколку лица.
Маск кажа дека ќе го врати профилот на Трамп, но екс – претседателот на САД претходно најави дека нема да се врати на социјалната мрежа.
Патем, најбогатиот човек на светот влезе во канцелариите на Твитер со лавабо во рацете.