Сутерен.мк

Трет протест за Онкологија

Под мотото „Правда за жртвите“, со запалени и измачкани фотографии со црвена боја, почна третиот протест по скандалот на Онкологија. Граѓаните се собираат пред Влада, каде скандираат „убијци“, по што треба да се упатат кон обвинителството.

„Нема да има социјална правда додека не се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има!“, гласи пораката упатена од протестот.
Организаторите нагласуваат дека донесените измени во Кривичниот законик нема да ги аболицираат инволвираните од нивните злосторства.

„Нашите барања и ултиматум од овој протест, се истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата на работата на Детска онкологија, целосна ревизија на работата на Клиниката за онкологија, правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија, обелоденување на информациите од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, одговорност од ЈО кое одлучи дека нема кривичо дела во трагичниот случај со малата Јана од Битола“, наведуваат организаторите.

Ова следува откако пред половина месец полицијата и обвинителството влегоа во Клиниката за онкологија. Тие земаа компјутери, документи и медицинска евиденција на пациентите, откако се дозна дека, покрај останатото, лековите наместо за пациентите завршиле на црниот пазар.

Засега, обвинителството прифати тројца онколошки пациенти цело време да имаат увид во истрагата, обвинителството докази ќе бара и во соседните земји.

Предистрагата на обвинителството е отворена по објавувањето на серијал текстови во неделникот „Фокус“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *