Во Докумапаркот во Анталија изградена е троспратна зграда со 64 соби за удобно сместување на мачките.
Станува збор за дрвена и мала трокатница чии соби се целосно опремени со разни потребштини на мачките, а покрај зградата поставени се и мали кукички и разни играчки. Овој т.н. „град на мачките“ беше отворен пред десеттина дена.
Паралелно со ова, општината Кепез во Анталија почна со основање и на болница за бездомни животни.