Секако дека речениците што следат не треба да ги повторувате како папагал во секоја прилика, но многу е битно што почесто да ги кажувате. Следете ги своите чувства и, изговарајте ги.
Те сакам
Звучи ептен познато, ама е битно. Ова треба да им се кажува и во приликте кога и не сте баш задоволни со нивното однесување. Децата треба да знаат дека не ги сакате само кога се успешни, туку безусловно.
Прости ми
Бидејќи родителот би требало да му претставува авотитет на детето за многумина извинувањето е проблем. Меѓутоа, забораваме дека родителот треба да му е и пример на детето. Направете го првиот чекор, ако сте рекле нешто во лутина навредливо и извинете му се. Тоа е добра лекција за покажување почит и преземање на одговорност за своите постапки.
Верувам во тебе
Кажете му на детето дека верувате во него, во неговите потенцијали, добрина, ум, способности…
Станете негов најголем обожовател. Тоа ќе му даде храброст.
Горд сум на тебе
(Уште подобро е ако му кажете да биде гордо на себеси, ама да не се мешаме во експертизава.)
Зброрувајте му на детето често дека се гордеете со него, а не само кога покажува резултати. Тоа е убава фраза да се слушне и кога се однесувало храбро, великодушно…
Само храбро
Се разбира дека не смеете да го поттикнувате на никакви опасни активности. Меѓутоа, се што може да го научи на справување со животните предизвици треба да го охрабрите да го направи. Не заборавајте дека нема да бидете вечно покрај детето.
Покажи ми како?
Секогаш доаѓа време, кога детето знае повеќе од родителот. Не бидете горди, прифатете го тој факт и нема да го одалечите детето од себеси. Напротив, заинтересирајте се за тоа што ви зборува, а ако не разбирате, замолете го да ви објасни.
На твоја страна сум
Како што детето расте, така се повеќе се осамостојува и му е потребна се поголема слобода во одлуките. Дозволете му да носи свои решенија, но и укажете му дека треба да биде подготвено за последиците од истите. Не заборавајте да го уверите дека сте тука секогаш за него и дека ќе му помогнете, ако се најде во тешка ситуација.
Секако, ова се, се однесува додека децата се во тинејџерското доба.